Свлечиште однесе дел од патот Битола – Старавина кај депонијата Мегленци

Date:

Големо свлечиште на земјиштето го оштети патот за селото Старавина, битолскиот дел на Мариово. Пропаѓањето на коловозот е во должина од 100 метри и длабочина од десет метри. 

Патот е во прекин во двете насоки, се прави алтернативен пристап.

апла 1

Фото Апла.мк 

 

 

Лизгањето на земјиштето се случило ноќта по полноќ, кога Државниот инспкеторат за патишта добил известување дека патот е во прекин а нема друг алтернативен пат.

Камиони и машинерија на РЕК „Битола“ и ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта во текот на ноќта рамнеа и тампонираа алтернативен пат по кој би можело да се одвива сообраќајот.

Оттука и ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известува дека на патниот правец Р1311 Новаци-Маково-Рапеш, кај депонијата Мегленци сообраќајот ќе се одвива по земјена девијација од 400 до 500 метри поради пропаѓање на коловозот во должина од 100 метри и длабочина од десет метри.  На учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно возење.

Апла 2

Фото Апла.мк 

 

Регионалниот Центар за управување со кризи од Битола, пак известува дека од РЕК „Битола“ добиле информација во која се наведува дека регионалниот пат -делница Битола-Новаци-Маково на влезот од депонијата Мегленци е во целосен прекин како последица од појава на свлечиште кое што било пријавено уште на 27 ноември годинава, и тогаш бил извршен увид од Градежниот факултет во Скопје.

„Благодарение на координативните активности на сите вклучени страни со екипи, камиони и тешка механизација на РЕК ‘Битола’ и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта кои се ангажирани за рамнење и тампонирање, веќе е при крај изградбата на земјена девијација во должина од 400–500 метри за движење, при што сообраќајот не е веќе во прекин и истиот се одвива отежнато. На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација. На сите учесници во сообраќајот им се препорачува крајна внимателност“, објави градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

Апла 4

фото Апла.мк 

Апла 3

текст Анета Блажевска 

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Утре е Иванден! Ќе се пее Тајане – Бојане

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат   Децата од Битола...

Битола подготвена за фестивалот Илинденски денови

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - Од 14...

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на...