Пред само неколку минути 50 учесници од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија, кои се дел од настанот “Први На Први” ја започнаа планинарската акција од локација на Инфоцентар за искачување на Врв Пелистер. Оваа година во организација на “Олимпус Монс” со поддршка на Општина Битола како дел од Зимската приказна настанот се организира по 5ти пат. Целта е да се дочека првото изгрејсонце во Новата година од еден од најубавите природни видиковци на Балканот.

-Станува збор за искусни планинари, добро познати имиња на пошироката јавност во Македонија и во регионот. Ќе имаме ведро небо, ниски температури, полна месечина и прекрасни погледи на со снег прекриената Баба Планина во текот на искачувањето. Во мое лично име и во име на сите учесници на цела Битола и Македонија Ви посакувам Среќна нова 2026″, изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски, организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер.
А. Блажевска
А. Блажевска 


