Доделени наградите на 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола

Date:

Свечено затворен 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола. Со доделување на фестивалските награди и изведба на претставата „Гидионовиот јазол“ за затворање, синоќа во Битола беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. За најдобрите остварувања одлучуваше стручното меѓународно жири составено од Керолајн Бернс Кук, Анџелина Роска и Кире Ѓоревски, кое ги избра лауреатите на годинашниот фестивал.
Наградата за најдобар актер ја доби Јано Изорија од Грузија за изведбата во претставата „КВАРКВАРЕ“, во продукција на театарот „Поти Валеријан Гунија“, во режија на Саба Асламазишвили. Во образложението жирито истакна дека станува збор за брилијантна изведба што се одликува со силен темперамент, енергија и внатрешна напнатост, која го задржува вниманието на публиката од почетокот до крајот. Посебно се нагласува богатството на актерски изразни средства и разновидноста на сценскиот израз, преку кои ликот е изграден со длабочина и повеќеслојност.
Наградата за најдобра режија ја доби Жива Бизовичар за претставата „ЏЕКИ“, во продукција на Дрански театар од Македонија, со актерка Трајанка Илиева – Вељиќ. Жирито ја истакна суптилната работа со актерот и способноста органски да се води изведувачот низ различни внатрешни состојби, создавајќи континуиран и психолошки веродостоен сценски тек. Особено се издвојува прецизното градење на темпо-ритамот и динамиката на актерската игра.
Гран при наградата на фестивалот ја доби претставата #„Ноти“ од Романија, во продукција на театарот „Тони Буландра“, во режија на Касандра Топологеану, со актерка Андреа Танасе. Според образложението на жирито, претставата претставува современ театарски проект кој органски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошката димензија и истражувањето на социјалната маска. Сценографското решение со видеопроекции и внимателно изградената звучна средина создаваат силна сценска атмосфера, во која темите на изолација, насилство и преиспитување на женственоста добиваат заокружен уметнички израз.
Наградата од публиката ја доби претставата „ЏЕКИ“, со актерката Трајанка Илиева – Вељиќ.
Со ова заврши уште едно успешно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, кој и оваа година донесе богата програма и врвни актерски остварувања од повеќе земји, потврдувајќи го значењето на фестивалот како важна меѓународна театарска платформа.
 

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Утре е Иванден! Ќе се пее Тајане – Бојане

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат   Децата од Битола...

Битола подготвена за фестивалот Илинденски денови

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - Од 14...

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на...