Битола подготвена за фестивалот Илинденски денови

Date:

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ – Од 14 јули, Битола ќе биде домаќин на 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“, една од најзначајните и најдолговечни меѓународни манифестации посветени на фолклорот, етнологијата и нематеријалното културно наследство.

Во текот на осумнаесет фестивалски денови, градот ќе пречека фолклорни ансамбли, етнолози, етнокореолози, музиколози, истражувачи, филмски автори и љубители на традицијата од повеќе земји, потврдувајќи ја својата улога како место на културна размена и поврзување.

Пред официјалното објавување на програмата и фестивалскиот постер, организаторите ја претставија приказната зад новиот визуелен идентитет на фестивалот. Годинашната тема „Точка на поврзување“ (Connection Point) е инспирирана од глуварчето – симбол на истрајноста, пренесувањето на традицијата и непрекинатото патување на културното наследство низ времето и просторот.

Според организаторите, изборот на глуварчето не е случаен. Иако често се смета за обичен полски цвет, неговите семиња патуваат со ветерот и пуштаат нови корени, како што традициите се пренесуваат од генерација на генерација и од народ до народ.

Со повеќе од половина век традиција, „Илинденски денови“ останува фестивал кој ги обединува песната, играта, обичаите и културното наследство на различни народи, претворајќи ги во заедничко искуство и мост на поврзување меѓу луѓето.

Во наредните денови ќе биде објавена комплетната програма на фестивалот, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во светска точка на средба на традицијата и културата.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Утре е Иванден! Ќе се пее Тајане – Бојане

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат   Децата од Битола...

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на...

Луксузното „Ауди А6“ на Рамиз Мерко го купи фирма од Битола на аукција за 22 илјади евра

Луксузниот службен автомобил „Ауди А6“ кој за Општина Струга...