Битолските социјалдемократки бираат нова претседателка на Форумот на жени – се бара жена со политички способности и вештини за јавен настап

Date:

Битолските социјалдемократки бираат нова претседателка на Форумот на жени на ОО на СДСМ Битола. По изборот на новиот претседател на општинската организација, Зоран Стојчевски на ред се промени и во Форумот на жени. 

Денеска СДСМ објави оглас за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ.  

Во огласот партијата ги повикува сите заинтересирани членки на општинските организации на СДСМ да поднесат кандидатура за претседателка на општинскиот форум на жени согласно критериумите за самокандидирање и избор.

Досега на Форумот на жени на ОО на СДСМ Битола во два мандати, од август 2022 година, е актуелната советничка во Советот на Општина Битола, Јадранка Павловска. 

Со оглед на тоа што од февруари годинава на Форумот на жени на СДСМ е назначена Каја Шукова, извесно беше дека ќе се менува структурата на управување со форумите на жени низ градовите.  

Сега според огласот на партијата кандидатките на Форумот на жени треба да исполнуваат одредени критериуми, а најважно е да уживаат висок авторитет, углед и доверба меѓу жените членки во својата организација, да поседуваат силни политички и организациски способности, да имаат вештини за јавен настап, да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги. Огласот трае десет дена по што претседателката Каја Шукова ќе одлучува.

726768427 1019514220814834 5963443085377575452 n

Што се однесува до жените социјалдемократки во Битола, партијата од секогаш имала впечатливи лица, со лидерски вештини иако понекогаш потфрлувала во изборот за прв човек на форумот, најчесто поради силните лоби групи на машките членови на општинската организација. 

Сега според извори на партијата во игра се неколку нови лица, фаворитки кои имаат поддршка од поголем круг на жени социјалдемократки од Битола, личности со лидерски вештини кои знаат да покажат дека жените на клучни  позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени во заедницата. 

Каја

А.Блажевска 

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Утре е Иванден! Ќе се пее Тајане – Бојане

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат   Децата од Битола...

Битола подготвена за фестивалот Илинденски денови

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - Од 14...

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на...