Пешаците да притиснат на тастерот за да поминат на семафорите кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на „Камен мост“ во Битола

Date:

Семафорите кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на „Камен мост“ се ставени во редовен режим на работа, соопшти Општина Битола. Во овие денови многу пешаци чекаат да се вклучи зеленото светло за да поминат на пешачкиот, но тоа се регулира со тастер што е на самиот столб од семафорот. 
Според соопштението од Општина Битола – на нив постои тастер со притискање за регулирање на движењето на пешаците, чие времетраење е 15 секунди за пешаците, a потоа следните 15 секунди се за возилата.
Граѓаните кои во група ги минуваат премините потребно е со притискање на тастерот означен на столбот на семафорот да овозможат сигнал за слободен премин, а стоп за возилата.
Тастерот за регулирање со притискање е направен од фирмата „Електро Софт“ од Македонија, како и самиот контролер на семафорите, кои пак се странско производство.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Утре е Иванден! Ќе се пее Тајане – Бојане

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат   Децата од Битола...

Битола подготвена за фестивалот Илинденски денови

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - Од 14...

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на...