Петта акција за пошумување на ридот Кркардаш

Date:

Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Центарот за европски развој и интеграција. Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата „Св. Четириесет маченици“ во месноста Кркардаш. Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме со оваа иницијатива.

„Главната цел на иницијативата е обновување на опожарениот зелен појас што ќе води кон подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, ублажување на ефектите од климатските промени. Дополнително значење на акцијата е едукацијата на најмладите кои од мали нозе се учат за природата и заштита на животната средина“, изјавија организаторите. 

Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување беа BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа заложбата за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и помогнаа во набавката на садниците и активно се вклучија во пошумувањето.

Фото Диоген Хаџи -Коста Милевски 

7d251b7a 5cb6 44ee 8ab6 e699fca64cf9

a67cda4f 106c 47c8 8150 b9e11b8d30b9

4dca85c4 4c7f 4f4a 89d0 446161970325

3d21f2b5 09bb 4710 874c 2d798de2bed0

70627a00 bc15 497f 8468 be4972652855

6729db18 7c64 40b4 b0a9 2f1058b2cf26

4dca85c4 4c7f 4f4a 89d0 446161970325

1796fbec 1b4b 4562 af99 f7753fce76ff

ca73eff3 0d37 455c 94f3 256d5b146d82

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Утре е Иванден! Ќе се пее Тајане – Бојане

Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат   Децата од Битола...

Битола подготвена за фестивалот Илинденски денови

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - Од 14...

Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на...