Стефан Тековски, советникот на Граѓанската иницијатива ГРИН во Советот на Општина Битола се ожени со својата долгодишна љубов Наталија, со која ја имаат едногодишната ќерка Атанасија.
Стефан и Наталија чија љубов трае една деценија, направија „две во едно“ свадба на првиот роденден на ќеркичката Атанасија.
На свеченоста Стефан ги покани и градоначалникот Тони Коњановски и колегите од Советот, па сватови беа советници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЛДП…

Стефан Тековски на политичката сцена во Битола се наметна на последните локални избори како носител на советничката листа на Граѓанска Иницијатива ГРИН. Млад човек зад кого застанаа повеќе граѓански организации и здруженија, истакнати стопанственици, луѓе од политичкиот живот, образованието, културата и спортот и успеа да освои советнички мандат.
Стефан се занимава со ветеринарство, а неговата понежна половина Наталија е стоматолог.
Тековски потекнува од семејство кое во Битола е препознатливо по својата работливост и претприемачки дух. Неговите родители со години воделе мали семејни бизниси на убавиот Широк Сокак, а Стефан ја продолжува семејната традиција.

А.Блажевска



